Едни ви велат дека се раѓате со нив.
Други ви препорачуваат апчиња.
Ви велат дека нема лек.
Зошто вашите реакции се автоматски и не се под ваша контрола? Ќе го откриете моментот во вашиот живот кога одредени реакции станале „шаблони“ за вашето однесување.
Стравот без логично објаснување е вкоренет во конкретен момент од вашето минато — и може да биде пронајден и отстранет.
Депресијата и хроничниот стрес не се случајни. Тие се резултат на оној прикриен дел во умот, кој никогаш не бил разрешен со апчиња или хипнотизам.
Не сте вие изворот на мислите кои ве прогонуваат. Тие се последица од конкретни искуства од минатото и автоматски се „вклучуваат“ во специфични услови. Кога ќе дознаете како функционира овој механизам, ќе можете и да ги запрете таквите мисли.
Од каде доаѓа чувството дека не сме доволно добри? Тој глас кој ни вели дека не сме доволно паметни, успешни, вредни – не ја кажува вистината. Сепак, има причина зошто постои. Откако ќе ја откриете причината за неговото постоење, тој едноставно нема да има влијание врз вас.
„Откако се запознав со Дијанетика во 1975 година, можам искрено да кажам дека го пронајдов патот до среќата."
„Дијанетиката е единственото нешто што навистина ги реши менталните бариери кои ме кочеа — ирационални стравови, непосакувани емоции и сомневање во самиот себе. Ми помогна да ги разберам и разрешам сите."
„Трауматa не закрепнува со текот на времето, туку остава долготраен ефект. Дијанетиката нуди начин да ги разберете овие ефекти и да постигнете подобра ментална, емоционална и физичка благосостојба."
„Оваа технологија му треба на секој. Нашето општество 'плаче' за неа. Треба да им ја дадеме и да им помогнеме на луѓето да зачекорат на вистинскиот пат на кој еднаш за секогаш ќе им стават крај на своите страдања. Дијанетиката е единствениот начин, нема друго."
„Најголем успех од изчувањето на 'Дијанетика Модерна наука за ментално здравје' ми е дека не морам да реагирам на сè што се случува. Не мора да се приклучам на секоја кавга, не морам да се умислувам за секој реален или нереален проблем. Ги разбирам повеќе луѓето околу мене и себеси. Се чувствувам посмирено и спокојно."
„Дијанетиката ми помогна да си ја подобрам свесноста за мојата околина. На работа повеќе сум во акција отколку на апатија и, како резултат на тоа, за четири месеци бев унапредена седум пати."
„Дијанетика ми помогна да се ослободам од 35-годишната анксиозност со која живеев и која ми правеше да очекувам сè најлошо од животот. Мнооогу бев среќна кога ова се реши."
„Пред дијанетиката многу тешко ми одеше со другите луѓе. По дијанетиката конечно сфатив зошто тоа било така. И тоа нешто е она што го барав цел живот, а сега конечно го открив со дијанетиката. Проблемите што ги имав претходно во секојдневието и на работа едноставно ги немам повеќе. Исчезнаа!"
„Мислам дека Дијанетиката е состојката која ми недостасуваше и која ја барав цел живот."
„Навистина ми се допаѓа научниот пристап на Дијанетиката и нејзината мисија да им ја врати здраворазумноста на луѓето."
„Дијанетиката ми овозможи подобро да ги разберам сопствените акции и избори во животот и од што се водени истите."
„Читајќи ја Дијанетиката сфатив како да се одржувам себеси во добро расположение и во добра ментална форма бидејќи така имам подобро влијание на луѓето околу мене."
„Како што ги совладував прекрасните концепти на Дијанетиката така напредував на ментален, физички, и на социјален план, што ми овозможи да го погледнам животот на сосема нов начин."
„Многу ми е поубаво во сопствената кожа. Би рекол дека 'раскрстив' со голем дел од мојот 'багаж' од минатото. Ми претстои уште доста работа, но сега знам дека одам во вистинската насока. Не целам кон совршенство, но одлучен сум да бидам најдобрата, најчесната и најодговорната верзија од себе."
„Дијанетичката терапија е докажана, прецизна методологија со која се постигнува трајна здраворазумност, што пак овозможува богат, подобар и радосен живот."
„Се стекнав со поголемо разбирање за моето минато и мојот живот. Многу сум среќен дека ја открив Дијанетиката."
„И што е најважно, научив дека без разум и/или разумно размислување човекот е сведен на размислување како животно. Бидејќи нашата способност за разумност е навистина НАШЕТО НАЈСИЛНО ОРУЖЈЕ КОЕ ЈА СЕЧЕ МАГЛАТА НА НЕЗДРАВОРАЗУМНОСТА. Сега е време да го наостриме сечилото."
„Можам да ја користам Дијанетиката за да разберам како фунцкионира мојот ум со цел да си го зголем сопствениот, вроден потенцијал. Едноставно кажано, ако го разбираш проблемот и ги имаш сите достапни податоци за решението, тогаш и ќе бидеш подготвен да го решиш – во секое време."
Стресот, стравот, анксиозноста, депресијата, несигурноста – сите потекнуваат од ист извор. Дијанетиката ви го открива изворот и ви покажува како да се ослободите од нив. Повеќе од 20 милиони луѓе веќе ги пронајдоа одговорите.